Скопјанец нападнат пред својот дом, однесен на Клинички

Вчера околу 14.30 часот, во Полициската станица Аеродром е пријавен физички напад врз 71-годишниот Б.С. од Скопје.

Седумдесет и едногодишниот Б.С. физички бил нападнат пред својот дом од страна на две лица. По нападот тој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники "Мајка Тереза".

Полициски службеници веднаш излегле на место на настанот и се работи на целосно рачистување на случајот, соопшти МВР.