Скопјанец нападнат пред ноќен клуб

Во 04 часот и 45 минути утрово, 33-годишниот П.Н. од Скопје пријавил дека пред ноќен клуб на улицата 50-та Девизија бил нападнат од страна  на  две машки  лица, по што паднал на земја.

Физичкиот напад е рачистен и на 26-годишниот Ф.З. и 25-годишниот К.С. им се направени записници  за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.