Скопјанец нападнат од неколку лица заради недоразбирања во сообраќај

46-годишник од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. 

Имено, од МВР информираат дека настанот бил пријавен вчера (02.10.22), а 46-годишникот изјавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од неколку лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.