Скопјанец нападнат од неколку лица кај Транспортен центар, еден од нив му замавнувал со остар предмет

35-годишен скопјанец вчера кај Транспортниот центар бил физички нападнат од неколку лица, од кои едното му замавнувало со остар предмет.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:15 часот во СВР Скопје, Д.М.(35) од Скопје пријавил дека кај Транспортен центар во Скопје, на постојка за такси возила бил физички нападнат од неколку лица, при што едното од нив замавнувало и со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.