Скопјанец нападнат од куче скитник

Опасноста од уличните кучиња во Скопје сеуште е присутна, вчера нова пријава за каснат скопјанец.

Во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, 73-годишниот С.К. од Скопје пријавил дека на 18.03. околу 10.30 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.