Скопјанец нападнат и каснат од куче

В.К. (69) од Скопје доцна синоќа пријавил дека околу 19 часот додека го шетал кучето на неговата ќерка, бил нападнат од друго куче, непозната раса, со поголем раст, по што паднал на земја, а кучето го каснало за левата рака.

Како што соопшти полицијата, немилиот настан се случил на улицата „Ибе Паликуќа“.