Скопјанец нападнал полицаец во полициска станица

Дваесетгодишниот Д.Н., кој бил задржан во полициската станица Бит Пазар во Скопје, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со тупаници во пределет на стомакот и главата.

Министерството за внатрешни работи информира дека тој потоа посегнал и по неговото службено оружје. Во тој момент другиот полициски службеник се обидел да го оттргне Д.Н. при што со двете раце го турнал наназад по што полицискиот службеник паднал и со главата удрил во ѕидот.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.