Скопјанец нападнал полицаец по што завршил во полиција

Ноќеска во 00.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево бил лишен од слобода А.Д.(30) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од полицијата.

Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.