Полицијата изврши разговор со скопјанец кој физички ја нападнал сопругата, а го оштетил и семејниот автомобил.
- На 26.09.2024 во 10.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со В.К.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.09.2024 во викенд куќа на подрачјето на општина Петровец физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга, а потоа со тврд предмет го оштетил нивното патничко возило, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.