Скопјанец измамен за сума од 18 илјади денари

22-годишен скопјанец пријавил измама извршена врз неговиот татко, за сума од 18 илјади денари. Имено, случајот е пријавен вчера (04.12.2022) во 19.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, информираат од МВР.

-На 04.12.2022 во 19.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 22-годишен скопјанец пријавил дека на 23.11.2022 неговиот татко бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, лицето најпрвин му се јавило и побарало од него извршување на угостителски услуги и се договориле да се сретнат во угостителски објект во населба Илинден. Како што е пријавено, лицето повторно му се јавило и побарало од него пред да дојде на средбата на друго лице да му даде 18.000 денари за прехранбени производи, а тој ќе му ги дал заедно со парите за договорената услуга. Исто така, според пријавеното, неговиот татко отишол на договореното место и неколку пати телефонски го побарал лицето, но тоа не одговорило, по што сфатил дека е измамен - ги соопштија деталите од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.