Скопјанец испукал куршум кон полицајци, па се дал во бегство - МВР за инцидентот во Гази Баба

Инцидент во Гази Баба по полноќ. Упасено е едно лице кое со пиштол пукал кон полицајци. 

Во 01:20 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П. (46) од Скопје.

Според информациите од надлежните, при обид за легитимирање од страна на полициските службеници, лицето извадило огнено оружје и испукало еден куршум кон полициските службеници, по што се дало во бегство.

По преземени оперативни мерки, лицето било пронајдено и приведено.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.