
Скопјанец имал забрана за приближување на мајка си поради насилство, но тоа не го спречило да ѝ се заканува. Полицијата го уапси.
- На 09.05.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка и покрај Решението од Основен граѓански суд Скопје за отстранување од домот и забрана за приближување, информираа викендов од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.