Скопјанец им репетирал пиштол на вработени во кафеана во Центар

32-годишен скопјанец со пиштол им се заканувал на вработени во угостителски објект во центарот на Скопје, среде бел ден. Полицијата му пронајде дрога и пиштол на дијаболи. 

- На 06.11.2025 во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот, информираа од полицијата. 

При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.