
46-годишен скопјанец и 37-годишник од валандовско ќе одговараат кривично поради закани кон своите сопруги.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во полициска станица бил извршен службен разговор со С.А.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна вонбрачна партнерка, дека околу 12:30 часот на нејзиното работно место на подрачјето на Гази Баба во Скопје, агресивно се однесувал и ѝ упатил закани, а подоцна во домот на нејзините родители се обидел и физички да ја нападне.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, СВР Струмица-ОВР Валандово до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава против И.Л.(37) од валандовско село, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
На 21.08.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 30-годишна сопруга и нејзината мајка. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Валандово, а за настанот биле известени јавен обвинител и службени лица од Центар за социјални работи Валандово.