Скопјанец и малолетничка вчера биле каснати од улични кучиња во Скопје.
На 11.02.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, А.Н.(32) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 11.02.2025 во 14.35 часот во Полициската станица Центар, Н.Б.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрије Чуповски“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче.