Скопјанец градежник тешко повреден на работното место во рудник

Млад скопјанец тешко повреден на работа, во рудник, при управување со градежна машина. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко.

На 19.04.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(44) од Чучер Сандево, скопско, пријавил дека  на 16.04.2021 околу 12.00 часот неговиот син Ѓ.Ц.(20) од Чучер Сандево, додека извршувал работни задачи во приватна фирма со градежна машина во рудник во с.Бразда, се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.