Скопјанец го оставил автомобилот отклучен па му го украле

На 14.10.2018 година во 10.20 часот во Полициската станица Аеродром, Г.К.(64) од Скопје пријавил дека во периодот од 16.30 часот на 13.10.2018 до 08.30 часот на 14.10.2018 година на булеварот „12-та Македонска Бригада“ непознат сторител одзел товарно возило „Мерцедес Вито 108“ со скопски регистарски ознаки. 

Сторителот ја отворил незаклучената врата, влегол и со клучевите кои биле во бравата го стартувал возилото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.