Скопјанец го оставил автомобилот отклучен па му го украле

Скопјанец го оставил автомобилот отклучен па му го украле, информираше МВР.

Станува збор за А.Ј.(44) кој вчера околу 17.45 се паркирал со својот автомобил „сеат леон“ на булеварот Партизански Одреди. Тој излегол од возилото и го оставил отклучено со клучот во бравата и кога се вратил за пет минути „сеатот“ веќе го немало.

Крадецот го искористил невниманието на А.Ј., па го стартувал возилото и избеегал во непознат правец.
На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.660.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно рачистување на случајот.