Скопјанец физички нападнал вработен во Управата за имотно правни работи

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 16.20 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ф.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што околу 15.30 часот физички нападнал вработен во Одделението за управни работи Скопје на подрачјето на Центар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.