Скопјанец физички нападнал продавачка во Центар

55-годишен скопјанец физички нападнал продавачка во Центар. 

- На 22.02.2024 во 10.50 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Х.Х.(55) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 09.20 часот во продажен објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, физички  ја нападнал вработената Л.Х.(46) од с.Стајковци, скопско, соопшти полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.