Скопјанец фатен со прашкаста материја во Чаир

Синоќа бил приведен 41-годишен скопјанец, откако полицијата кај него пронашла прашкаста материја.

- На 26.01.2023 во 23.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.