Скопјанец фатен со дрога на Средно Водно, се апсело и во Аеродром

Две лица вчера биле уапсени во Скопје за поседување дрога. 

- На 01.04.2024 во 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата за првиот случај.

- На 01.04.2024 во 22.25 часот на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(21) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во полицискиот билтен за вториот случај.