Скопјанец два пати во еден ден да го качи највисокиот врв на Австрија (видео)

Скопјанецот Александар Кирковски успеа да ги искористи убавите услови и два пати во еден ден да го качи највисокиот врв на Австрија, Гросглокнер. 

Највисокиот врв во Австрија, Гросглокнер 3798 мнв, за првпат е искачен на 28.07.1800 година по рутата која денес се нарекува „класична” и е најчесто искачувана. Завршниот успон од последниот дом Е.Јохан е оценет како PD+ / UIAA II / 40° и се минува во просек за 1,5 - 2 часа. На врвот има метален крст посветен на австрискиот цар Франц Јозеф и царицата Елизабета.