Скопјанец добитник на џек пот од 1.391.701 денар на ДВЛМ

Скопјанецот Г.Д.освои милионер џек пот на Државна видеолотарија на Македонија (ДВЛМ) во вредност од 1.391.701 денари.

Г.Д. добивката ја  освоил во „Сенатор“ во Градскиот трговски центар во Скопје.

– Парите од добивката вредна 1.391.701 денари ќе ги искористи за да купи стан. Ова не е негова прва добивка. Претходно веќе имал неколку добивки во играта КЕНО, соопшти ДВЛМ.

Добивките џек пот Државна видеолотарија на РМ ги стартуваше во јуни годинава. Досега под мотото „Играј за забава“, се освоени 17 милионер џек пот добивки во вкупен износ од 23.370.400 денари.