Скопјанец добил закани со пиштол на Бит Пазар

 

Во сабота вечерта скопјанец добил закани со пиштол од едно лице на Бит Пазар. 

- На 09.05.2026 околу 20:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.М.(42) од Скопје пријавил дека во близина на трговски центар на подрачје на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, А.Н. од Скопје му се заканувал со пиштол, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.