Скопјанец чекал на семафор - излегле од возило и го претепале

Околу 12.35 часот во Скопје, додека 57-годишниот К.А. со патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки се движел по улица и застанал на семафор, на крстосницата од улица „Крушевска Република“ со булевар „11-ти Октомври“, од патничко моторно возило „Пежо 106“, без регистарски ознаки излегле неколку непознати машки лица.

Тие преку отворениот прозорец од возилото го удриле К.А. неколку пати, нанесувајќи му телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.