Скокање јаже: Едноставна вежба за намалување на килограмите, подобро здравје и расположение

Иако скокањето јаже е нешто што го правевме на училиште, постои добра причина зошто тоа треба да биде дел од нашата секојдневна рутина.

Постојат повеќе добри причини зошто скокањето јаже е добро за нас, а тие се поврзани со силата, балансот и кардиоваскуларните вежби. Сепак, докторите препорачуваат претпазливост ако имате проблеми со стопалата, глуждовите, грбот или колената. Освен тоа, тие посочуваат дека е добро да се започне со 10-минутни вежби со слаб интензитет а потоа да се зголемува времетраењето на оваа активност.

Ова се неколку причини зошто ова треба да биде дел од вашата редовна физичка активност.

Го подобрува здравјето на коските

Скокањето јаже додава тежина на скелетот и така придонесува за подобрување на здравјето на нашите коски. Тоа е добро за возрасните за издржливоста, но за младите за развојот на нивните коски, особено за времето на пубертетот.

Може да помогне во спречување повреди

Колку посилни се коските, толку е потешко да се скршат и затоа скокањето јаже е одлично за превенцијата на повреди. Повредите се особено чести кај оние кои страдаат од остеопороза, така што скокањето јаже е особено препорачливо за оваа група.

Тоа може да ги спречи и повредите на глуждот, бидејќи ги јакне мускулите кои ги поддржуваат глуждовите. Тоа е одлично за стабилност и мобилност на овој дел од телото.

Го подобрува кардиоваскуларното и респираторно здравје

Сите експерти се согласуваат дека скокањето јаже е забавна активност која го поддржува здравјето на срцето и крвните садови, но и придонесува за подобро здравје на белите дробови. Освен тоа, редовното скокање јаже го спречува дебелеењето, високиот крвен притисок, па и појавата на дијабетес. 

Ги подобрува координацијата и балансот

Координацијата е клучна за успешно скокање јаже, особено меѓу рацете, стопалата и очите. Затоа, редовното вежбање придонесува за подобрена стабилност и координација. Тоа не е воопшто лесно иако изгледа така, бидејќи бара фокус и свесност на телото. 

Помага во топење калории

Според некои истражувања и експерти, тоа се наоѓа високо на листата на активности кои помагаат во согорувањето калории и тоа 667-990 за еден час. Според истите истражувања, тоа помага во полесно согорување на калориите од трчањето.

Ја подобрува силата на рамењата

Една од најголемите бенефити е подобрување на тонусот на мускулите на нозете, но освен тоа, скокањето јаже придонесува за јакнење на горниот дел од телото, односно рамењата. 

Опремата е лесно пристапна и евтина

Можете да скокате јаже насекаде, а самото купување на опремата е лесно и евтино. Потребно ви е лесно јаже кое одговара на вашата висина, ништо повеќе од тоа. Лесно е и за патување и можете да вежбате каде и да ви одговара.