Скок од падобран и многу емоции: Најадреналинското запросување направено некогаш во Скопје

Разумот, чувствата, приоритетите, обврските, активностите, страстите, се се менува во истата секунда кога ќе се погледне партнерот во очи. Тогаш сфаќаме дека живееме, затоа што времето поминато без љубов, е изгубено време, а кога ќе сфатиш дека остатокот од животот сакаш да го поминеш со некого, тогаш сакаш тој остаток да почне што поскоро. 

Деновиве во Скопје се случи уште едно несекојдневно и невообичаено запросување полно со адреналин и емоции.  Скокот со падобран заврши, односно тој е нов почеток на една вечна љубов и нов живот на Емилија и Бобан. 

Бобан од Скопје и Емилија од Куманово одлуката за вечна љубов ја донесоа на еден магичен, невообичаен и несекојдневен начин. Прстенот и понудата за вечна љубов се случија по скокот на Емилија со падобран.  

Идејата за вакво запросување ми дојде така што сакав да направам нешто несекојдневно и нешто што ќе го паметиме и двајцата во иднина. Бидејќи и двајцата сме љубители на адреналинот знаев дека ова ќе е полн погодок, вели Бобан во изјава за Скопје Инфо.

За жал јас не успеав да рипнам прв поради временските услови кои беа лоши, среќата на крај ни се насмевна и можеше да рипне само еден од нас, нормално тоа беше Емилија која не беше свесна што ја чека на земја, додава Бобан.

Неуспешниот скок со адреналин донесе успешен скок во брачните води кои посакуваме да траат вечно, до крајот на животот.

Ние им посакуваме брак исполнет со многу среќа и адреналин поголем од овој со падобранот, а тие се заблагодаруваат на сите кои помогнале во реализација на оваа несекојдневна, романтична идеја - полна со многу љубов.

Погледнете го видеото во целост: