„Сканиа“ прегази 89-годишен пешак

Загина 89-годишен росоманец, откако во него удрило товарно возило на регионален пат Градско-Прилеп. 

– Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци, информираа од полицијата.

Известен бил јавен обвинител и бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Вчера сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп беше во прекин и се пренасочуваше по регионалните патни правци Р103 и Р107.