Скандинавска диета – најлесната диета на светот

Данската нутриционистка и директорка на биотехнолошка компанија Сузи Венгел смисли одлична диета, која се покажа како многу ефикасна и лесна за луѓето кои ја практикуваат. Така, таа го доби и насловот „најлесна диета на светот“.

Овој начин на исхрана е едноставен бидејќи не морате да ги броите калориите, туку размислувате за односот на белковини, масти и јагленихидрати и  ги одмерувате порциите по сложени системи. Основното правило е тоа дека секој оброк треба да се состои од  видови намирници кои се мерат со дланката:

1 дланка белковини+ 1 дланка јаглени хидрати + 2 дланки зеленчук +  1 лажица маснотии

Не е потребно да ги мерите порциите и броите калориите, што навистина претставува проблем за многу луѓе, особено кога јадат надвор од дома.

Според Софи, доколку држите диета која за вас не е добра, можете да изгубите на тежина, но нема да се чувствувате добро. Тоа ќе влијае на вашиот тен, квалитет на коса и ќе ви донесе главоболка. Строгите ограничувања не се добри на долг рок и тие предизвикуваат прејадувања.

Како изгледа диетата?

Појадок:

 - зеленчук ( 2 шаки): неколку чери домати и грашок

- белковни (1 шака): 2 јајца

- јаглени хидрати (1 шака) : 1 парче леб

 - маснотии: малку путер намачкан  на лебот

Шолја кафе со млеко

Ручек

- зеленчук ( 2 шаки): морков, краставица, домат, пиперка и печурки

 - белковини (1 шака) : здрава паштета, јајце, сланина

- јаглени хидрати (1 шака): леб

- маснотии (1 супена лажичка): сирење

Вечера

- зеленчук ( 2 шаки): морков, пашканат и компир

 - белковини (1 шака) : шницла

- јаглени хидрати (1 шака): чаша вино

- маснотии (1 супена лажичка): маслиново масло

Нема да морате долго да се трудите да најдете јадења кои одговараат бидејќи Инстаграм е полн со храна приготвена според овие принципи. Доволно е само да го пронајдете хаштагот #sensekost. Така можете да најдете околу 45 000 фотографии од приготвени јадења според оваа диета.