Скандалозна најава на Шкендија за дербито со Вардар (ВИДЕО)

Уште започнува државното првенствно, македонските фудбалски тимови повторно стапуваат на сцена, главните фаворити за титулата актуелниот шампион Вардар и од лани второпласираната Шкендија, својата битка кон тронот ја почнуваат со меѓусебен дуел уште во првото коло.

На Градскиот стадион во Тетово, Шкендија утре од 17 часот го дочекува шампионот Вардар. Шкендија денеска објави видео како најава за првото коло и големото дерби со Вардар. Во промо видеото може да се примети дека највеќе доминира национализмот. Останува прашање дали ова е намерно направено или пак е привид на управата на тетовскиот клуб.

Шкендија утре од 17 часот ќе го дочека македонскиот шампион Вардар на стартот од сезоната во Првата лига, а денеска објавено е видео како најава за првиот чин од новата шампионска битка во домашниот шампионат.