Скандал во Чаир: Знамето на „Голема Албанија“ се вее на мечот Шкупи – Вардар (ФОТО)

Истото знаме со симболите на „Голема Албанија” што со дрон се најде на теренот во Белград на контроверзниот меч меѓу Србија и Албанија, денеска се вее и на „Чаир” на дербито меѓу Шкупи и Вардар.

Тоа е вистински скандал, иако знамето виси на едно од дрвата во околината на стадионот на Шкупи.

И тогаш по белградскиот инцидент, по кој се прекина мечот меѓу Србија и Албанија, беше јасно дека во скандалот се вмешани и Албанци од Македонија. Затоа и не чуди што знамето е тука во Скопје и денекса скандалозно се вее во Чаир.