Скандал со вакцинацијата во Словенија: Едно лице се вакцинира за други за паричен надомест

Во Словенија, се појавија луѓе кои се подготвени да се вакцинираат неколку пати за да добијата „награда“ по неколку стотици евра. Се работи за луѓе со послаб финансиски статус, кои тоа го прифаќаат наместо побогати антиваксери на кои им е потребен ковид-сертификатот за да можат да финкционираат во перидот на рестирикции воведени поради пандемијата наметната од коронавирусот.

Новинарите од љубљанскиот весник „Дело“ пренесуваат дека стапиле во контакт со млад човек кој досега бил вакциниран четири пати. Според неговиот исказ побарувачката на луѓе кои сакаат да се вакцинираат во името на други сограѓани е на цена уште од мај годинава.

Весникот наведува дека наметнатиот проблем за здравствените власти во земјата ги доведува во прашање методите со кои се одредува идентитетот на луѓето кои се вакцинирани.

На инфективната клиника во Љубљана се врти приказна за сограѓанин кој бил зависник од дрога дека досега бил вакциниран 23 пати!?