Сѐ уште знам да залутам во возот на чувствата...

Сѐ уште се расплакувам во секунда. Како дете.
Сѐ уште се грижам за секојдневните будалаштини и ситници.
За оние работи на кои многумина не им обрнуваат внимание.
Сѐ уште се нервирам за работи кои не би требало да ме допираат, но кои на некој чуден начин ме погодуваат.
Сѐ уште пукам на секоја глупост и не знам да замолчам кога треба.
Пушти, па отпушти.
Го учам тоа. Сѐ уште.
Сѐ уште знам да залутам во возот на чувствата, воз кој не води никаде, само подлабоко во болката.
Сѐ уште читам.
И сѐ уште верувам дека ликовите од книгите навистина постојат.
Сѐ уште се буткам. Низ животот. Многу помалку низ гужви и редови.
Сѐ уште се палам на добрина. И добри луѓе. На прегратки, простувања и втори шанси.
Сѐ уште ме развеселува летниот дожд и изненадното чудење. Оние немирни моменти пред невреме. Не знам, веројатно сакам сѐ што е немирно.
Сѐ уште сонувам, се смејам и барам.
И сѐ уште чувствувам. Со целото мое битие. Тоа што навистина го сакам навистина е сѐ што имам.