Кога ќе се исполни она што го сакате – вистинските работи се случуваат во вистинско време, по божји план!
Дали очајувате кога некоја желба нема да се исполни? Колку пати сте ги поминале деновите и месеците размислувајќи за неуспехот кој е само еден дел од сложувалката на вашиот живот? Со векови постои една мудрост која сите ја знаеме – Бог можеби има подобри планови за вас.
Кога ќе се соочиме со животни предизвици и невремиња, не смееме да се откажеме и да останеме во таа фаза на очај. Всушност, она што треба да го направиме е да се подигнеме, да сфатиме дека постојат некои работи кои треба да се случат, да не се трудиме да ги игнорираме, туку да се потрудиме да разбереме за што понатаму ова искуство би можело да ни послужи. Ова е момент кога треба да се посветите на духовен раст, да го зајакнете својот дух, да ја исчистите својата душа и повторно да се потрудите да разберете колку некои работи поради кои сте пателе, всушност биле безначајни.
„Добро е што излезе така!“ оваа реченица сме ја изговориле безброј пати, но заборавот често е нашиот непријател. Затоа наместо да очајувате поради она што не се исполнило, прифатете го тоа и одете понатаму. Немате претстава какво чувство на слобода ќе чувствувате во исто време! Со неверојатна леснотија и огромна енергија целиот свет е пред вас.
Можеби ќе тврдите дека е лесно да се каже, но обидете се да се помирите со фактот дека некои работи не се исполниле баш со причина. Иако не сте го добиле резултатот што сте го очекувале, сепак сте се стекнале со ново животно искуство, сте совладале нови вештини, сте се обиделе (сте излегле од комфорната зона), сте научиле нешто ново. Секој неуспех ве води чекор поблиску до успехот што го заслужувате. Ова не значи дека треба да се работи за успех поврзан со работата или со материјалните сретства. Може да стане збор и за успех во семејните врски, успех во комуникацијата со вашите пријатели или со успесите на вашите деца.
Работите кои треба да се случат во вашиот живот ќе се случат порано или подоцна. Можеби баш во подобар момент, во вистинско време, тогаш кога сте подготвени за тоа. Ние сакаме сѐ и веднаш, онака како што ние сме испланирале, но Бог можеби има други планови.
Постои изрека – „Бог никогаш не доцни – сѐ се случува како што треба.“ Зрелите луѓе не се доведуваат во состојба на бес и тага кога нешто нема да тргне по планот. По божјиот план. Во неговите планови треба да изгубиме нешто вредно во нашиот живот за да добиеме нешто уште повредно. Примањето и давањето, губењето и добивањето, ослободувањето од стегите на „мора сега“ ќе ви помогне да стекнете слобода. Пронајдете ја вистинската среќа и хармонија.
Сѐ што сакате ќе се случи во вистинско време и на вистинско место. Кога и каде – не можеме да предвидиме. Божјиот план и вашата посветеност ве водат баш таму каде што треба да бидете – не заборавајте да се радувате на овој пат!