Сѐ се враќа, сѐ се плаќа

 

Она што сме го посадиле со добрина;
ни се враќа како жетва на изненадувања;
дадените подароци ни се враќаат
во поинакво пакување.
Сенките на негативноста, распослани низ светот,
му се враќаат на оној кој ги праќа.
Добрите дела и доблестите
се како семки кои се множат;
засадуваме едно младо стебло
и израснуваме шума на благодарноста.
Наједноставниот чин на великодушност
го благословува оној кој дава,
но ако даваме за да примиме,
нашите надежи се распукнуваат
на брегот на врзаноста.
Затоа давајте го најдоброто од себе
и најдоброто ќе ви се врати.

Ден Милман