Трендот за зголемување на цената на становите расте. Становите се поскапи насекаде во Европа, па и во Скопје.
Експертите велат дека од 100 до 300 евра е зголемена цената за квадратен метар во Скопје. И покрај оваа повисока цена, побарувачката е голема.
Најатрактивни локации се центарот на градот како и општина Карпош. Таму цената за квадратен метар на стан се движи од 1350 евра, па нагоре, за нова градба. Цената за постари градби е околу 1200 евра.
Цената на новите станови во Аеродром е нешто помала и се движи околу 1200 евра. Во Ѓорче Петров становите се продаваат по 900 евра, а во Маџари стан може да се најде и за 800 евра квадратен метар.
Експертите велат дека пандемијата неочекувано ја зголеми продажбата на недвижен имот. Но, зачудувачки е тоа што, во екот на пандемијата се очекуваше цената на становите да се намалува, а не да се зголемува.
Недвижностите се, се поскапи и во Македонија и во Европа.