Сѐ помалку купувачи на зелените пазари

Во изминатите години се чувствува пад на продажбата на зелените пазари од околу 20 отсто, а особено откако големите супермаркети го третираат сегментот на мини-зелени пазари во рамките на своите објекти.

Тие се најголеми конкуренти на зелените пазари и поради тоа во повеќе места во земјава активно се работи на инвестиции во модернизација и воведување нови содржини на традиционалните пазарчиња.

Падот на продажбата не е проблем само во Македонија туку е тренд секаде во регионот.

Во многу градови низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје, во фаза се реконструкција и обнова, па дури и изградба на нови пазари.

Во согласност со податоците од пазарите, во Македонија постојат од 15.000 до 20.000 закупци на тезги, а над 10.000 семејства живеат од тргувањето на зелените пазари. За оваа дејност сѐ уште нема стратегија преку која, укажуваат од Стопанската комора, би се потврдила важноста на пазарите пред сѐ за локалниот економски развој.