Среќата не е отсуство на проблеми, туку способноста да се соочиме со нив. Замислете само колку прекрасни работи би можел да прифати вашиот ум кога не би бил толку сосредоточен на борбите со проблеми.

Секогаш гледајте го тоа што го имате наместо тоа што сте го изгубиле. Не е важно што ви одземал животот, туку што ќе направите со она што ви останало.

Болката е дел од вашиот развој. Понекогаш животот затвора врати затоа што потребно ни е да тргнеме напред. И тоа е добра работа затоа што ние често не сакаме да се помрднеме сѐ додека околноститите не нѐ присилат на тоа. Кога времињата се тешки, сетете се дека ниту една болка не се случува без некоја цел.

Оттрнете се од она што боли, но никогаш не заборавајте на лекциите кои дошле со тоа. Само затоа што се борите не значи дека сте неуспешни. Секој голем успех бара борба за да се дојде до него. За добрите работи потребно е време. Бидете трпеливи и позитивни. Сѐ ќе си дојде на свое место, ако не веднаш, тогаш кога ќе дојде време за тоа. Постојат два вида болка – онаа која боли и онаа која ве менува. Не им се спротиставувајте, затоа што и двете ве учат како се расте.

Во животот сѐ е минливо. Секој пат кога врне дожд, тоа значи дека дождот кога-тогаш ќе престане. По темнината доаѓа светлината. Секое утро нѐ потсеќа на тоа, но често го забораваме и наместо тоа веруваме дека ноќта трае вечно. Нема. Ништо не е вечно на овој свет. Ако работите тргнат надолу, не се грижете, затоа што тоа нема да трае вечно. Само затоа што нешто ве мачи не значи дека не можете и не треба да се смеете. Секој момент ви нуди нов почеток и нов крај.

Кукањето и жалењето нема да ви помогнат. Подобро е да направите нешто големо и да не успеете, отколку да не се ни обидете и да успеете во необидувањето. Ако верувате во нешто продолжете да се обидувате. Не дозволувајте минатото да фрли сенка на вашата иднина. Вистинската среќа почнува дури откако ќе престанете да се жалите на своите проблеми и кога ќе почнете да бидете благодарни  за она што го имате.

Немојте да се срамите од лузните кои ви ги оставил животот. Лузната значи дека болката престанала и дека раната е затворена. Не дозволувајте да ве натераат да го живеете животот во страв. Руми еднаш рекол: „Раната е место во кое влегува нашиот живот.“

Она што е многу важно е да бидете позитивни кога негативноста ве опкружува. Смејте се кога другите сакаат да ве турнат на земја. Тоа е лесен начин преку кој ќе го задржите фокусот. Не дозволете нечија туѓа огорченост да ве менува. Не ги сфаќајте работите лично, дури и кога делуваат така. Луѓето ретко прават работи поради вас, тие ги прават заради себе. Имате само еден живот. Искористете го мудро. Правете го она што ве прави среќни и она што ве прави подобри личности.

Вистинската сила доаѓа во моментите кога имате многу причини за плачење, но наместо тоа одбирате да се смеете и да го цените вашиот живот. Во секоја борба со коај се соочуваме се крие некаков благослов, но за да го видите треба да имате отворено срце и отворен ум.

Да го сакате својот живот значи да ѝ верувате на вашата интуиција, да ризикувате, да губите и да пронаоѓате среќа, да ги цените сеќавањата  и да учите од искуствата. Прекинете да се грижите и да се сомневате на секој чекор. Живејте свесно во моментот и уживајте во она што животот ви го носи. Можеби нема да завршите таму каде што сте планирале, но на крај ќе стигнете онаму каде треба да одите.

Продолжете да растете и да се движите напред!