Сѐ е во ред со твојот живот...

Сѐ е во ред. Со тебе сѐ е во ред. Со твојот живот сѐ е во ред. И внатре во тебе сѐ е во ред.

Во ред е и ако се налутиш и ако опцуеш гласно и ако сѐ во тебе вришти и сакаш да побегнеш од сѐ. Немој да се лутиш на себеси, затоа што си се налутил, затоа што не си „позитивен“ и модерен. Со тоа само си губиш скапоцена енергија. Наместо тоа, искористи ја енергијата на конструктивен начин, насочи го вишокот енергија во нешто, дај ѝ насока и цел. 

Понекогаш не се чувствуваш добро, понекогаш се чувствуваш лошо. Тоа е животот. Животот е како градина. Има цвеќиња, но има и коприви. Прифати ги работите онакви какви што сѐ, сѐ е тоа дел од пошироката слика и има своја цел. 

Работите нека течат природно, опуштено и по својот тек. Прифаќај ги работите онака како што доаѓаат и продолжи понатаму.

Само немој да заглавиш на едно место, биди како вода, водата секогаш си го пронаоѓа својот пат.