За претстојните празници направете ситни и вкусни бомбици кои ќе бидат готови за миг.
СОСТОЈКИ:
125 гр маргарин
4 лажици мед
4 лажици шеќер
100 гр чоколадо
100 гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
22 гр сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сусамот кратко се пропржува, а посебно во друга тава се соединуваат медот, маргаринот, чоколадото искршено на коцки и шеќерот.
Се трга соединетата смеса од рингла, се додаваат во неа пржениот сусам, мелените бисквити и ореви, па заедно сè се меша и се обликуваат бомбици.
Бомбиците убаво се поминуваат во сусам или друго по избор.