Сите тајни на ерекцијата

Постојат три видови на ерекција, а некои од нив можат да бидат непријатни. Повеќето пениси се повеќе искривени отколку прави, а пенисот е најдолг после стимулација со орален секс.

Стимулацијата која го прави „најголем“

Постојат три вида на ерекција: рефлексна, која настанува како резултат на првиот контакт, психосоматска која настанува поради аудиовизуелна стимулација или поттик, и ноќна ерекција. Според студијата на угледниот магазин Journal of Sexual Medicine, силината на стимулот влијае врз силата на ерекцијата и самата должина на пенисот. Пенисот е најдолг после орален секс, во просек дури до 0.3 цм подолг отколку без таква стимулација.

Кај повеќето мажи не е прав

Опуштениот пенис крие тајни кои излегуваат на виделина во состојба на ерекција – па така, повеќе од 70 отсто од мажите имаат благо искривен пенис. Тој најчесто е искривен во левата страна и почесто кон горе отколку надолу, но тоа не се смета за проблем се` додека не предизвикува болка. Што се однесува до големината, таа во опуштена состојба не е вистински показател за мерката – кај две третини од мажите тој расте околу 3 сантиметри, додека кај една третина од нив може да порасне и повеќе од 5 цм.

Кондомот докажано влијае врз ерекцијата

Иако тоа не важи за сите мажи, кај околу 80 отсто од нив, презервативите многу лошо влијаат врз ерекцијата, тврдат експертите. Тие објаснуваат дека првенствено тоа е последица од навиката, но и други проблеми со ерекцијата. Исто така, мажите кои претеруваат со мастурбација, често немаат доволно „чувство“ преку кондом.

Но, и мастурбацијата...

Ако мажот немал сексуални контакти или не мастурбирал неколку дена, тоа ќе се одразии на неговата ерекција, објаснуваат експертите. Таа ќе биде поцврста, а пенисот малку подолг поради зголемениот доток на крв. Но, ако мажот редовно, односно секојдневно мастурбира, голема е веројатноста дека тогаш и самиот секс ќе биде значително пократок поради поголемата возбуда.

Цигарите го скратуваат пенисот

Пушењето е штетно за сите органи, па така и за пенисот. Никотинот лошо влијае врз циркулацијата, која е клучна за ерекцијата. Со тек на време, последица од пушењето може да биде дури и намалување на пенисот, а студиите покажуваат дека редовното пушење на цигари може да резултира со пенис пократок и до 1 цм.

Колку ерекции на ден?

Машките и женските гениталии не се градени на сличен начин, па така вистина е дека мажите биолошки се програмирани за повеќе ерекции за да останат здрави. Просечниот маж има околу 11 ерекции на ден, а околу 9 од нив се во текот на ноќта. Исто така, во текот на животот, просечно ејакулираат околу 7.200 пати.