„Сите што си земавте пасоши од други држави треба ви се честита какви тоа визионери сте биле“ - Скопјанка револтирана од хаосот со личните документи

Граѓаните не престануваат „да го исфрлаат“ својот гнев на социјалните мрежи за, како што велат, неправдите од сопствената држава. 

Скопјанка го сподели своето искуство: 

- Сите што си земавте пасоши од други држави треба ви се честита какви тоа визионери сте биле човече.......па во ваква пропаст од држава за да се родиш е таква казна. Сликана на 20 декември за сите документи, денес добивме лични карти на кои пишува дека се изработени на 15.01.2024 ( а ги добиваме на 11.02), а за мојата возачка не знаеле ништо, споделуваа таа. 

- Документиве ги цепкаат зошто поим немаат кој пие кој плаќа, хаос од невидени размери. Како до сега некој не потепа пола власт сеуште е мистерија. Да беше ова Франција, уште првиот ден ќе гореше пола држава, ама ете ние ќе си седиме не само во скапаницава од држава туку и дома зошто немаме возачки на пример...вели таа видно револтирана.