Сите самохрани родители ќе добијат помош

Трите амандмани на Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните поденесени од пратениците Ели Панова и Тимчо Муцунски беа прифатени. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека уште на почетокот на својот мандат ветила дека ќе се залага за правата на самохраните родители и изрази благодарност што овие амандмани беа прифатени.

Сметавме дека ќе биде направена голема неправда врз самохраните родители во Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните и предложениот закон не ги опфаќа СИТЕ самохрани родители.
Имено предложениот закон:
-ИМАШЕ ОГРАНИЧУВАЊЕ па правото да добијат еднократна парична помош од 6.000 денари, ќе го имаа само тие што за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари.
1. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/7 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ вакво ограничување повеќе нема!
– НЕ БЕА ОПФАТЕНИ Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита ( разведени родители кои примаат некаков додаток )!
2. Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/9 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ сега и Самохраните родители кои користат парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита. Истите се опфатени со Законот за заштита на децата ( разведени родители кои примаат некаков детски додаток )
3.Поднесовме АМАНДМАН со архивски број 08- 3889/8 КОЈ БЕШЕ ПРИФАТЕН , па благодарение на ВМРО-ДПМНЕ техничко се усогласени и надлежните институции кои ќе ги достават потребните податоци, со цел да бидат опфатени што е можно повеќе самохрани родители со оваа мерка!
Благодарност за разбирањето на сите присутни пратеници и од власта и од опозицијата кои гласаа за овие амандмани!