Сите сакаме да бидеме разбрани, но заборавиме да се потрудиме да ги разбереме другите

Разбирањето на другите луѓе е навистина тешко и ретки се оние луѓе кои го постигнале тоа ниво да се разберат себеси, но и другите. Ова се неколку мисли за разбирањето кое ќе ве натераат да ја сфатите неговата суштина.

Мирот не може да се чува со сила, тој може да се постигне со разбирање. – Алберт Ајнштајн

Зрелоста не доаѓа кога зборуваме за големи нешта, туку кога почнуваме да ги разбираме малите нешта. – непознат автор

Знаењето не значи и разбирање. Постои голема разлика меѓу знаењето и разбирањето. Можеш да знеш многу за нешто. Но да не разбереш ништо.  – Чарлс Кетеринг

Сите сакаме да бидеме разбрани, но  заборавиме да се потрудиме да ги разбереме другите – Бо Таплин

Оние кои судат, никогаш нема да разберат. Оние кои разбираат, никогаш нема да судат. - непознат автор

Учењето е патување: од факти до знаење, од разбирање до мудрост. - непознат автор

Разбирањето на минатото може да ни помогне да креираме подобра иднина. – Роберт Тју

Луѓето никогаш нема да можат да разберат нешто се додека не им се случи ним. - непознат автор

Сите нешта кои не нервираат кај другите можат да ни помогнат подобро да се разбереме себеси. – Карл Јунг

Луѓето со отворен ум не се трудат да бидат ов право, тие се грижат само за тоа да бидат разбрани.

Слушањето е почеток на разбирањето.