Сите промени кои се случуваат по престанокот со пушење

Следува список на промени кои настапуваат после одредено време, откако пушачот ќе престане да пуши.

По дваесет минути: Крвниот притисок и пулс паѓаат на нормала и температурата на рацете и нозете растат до нормала.

По осум часа: Концентрацијата на јаглерод моноксидот во крвта се спушта на нормала и концентрацијата на кислород во крвта расте до нормала.

По дваесет и четри часа: Се намалува опасноста од срцев инфаркт.

По четриесет и осум часа: Завршоците на нервите почнуваат да се обновуваат, се подобрува чуството за мирис и вкус и полесно се оди.

По две недели до три месеци: Се подобрува циркулацијата, капацитетот на белите дробови се зголемува за дури 30%.

По еден до девет месеци: Се намалува кашлањето, премореноста и забрзаното дишење и се регенерираат белодробните ќелии.

По една година: Опасноста од коронарни срцеви болести на пола е помала одколку кај пушачите.