Сите придобивки од маслото од црно семе

Лековитоста на црното семе веќе со години е позната на оние кои се занимаваат со алтернативната медицина.

Photo by CRYSTALWEED cannabis on Unsplash

Најраните податоци говорат за употребата на ова семе уште во времето на Тутанкамон во Египет. Во арапската култура, тоа е познато како семе на благословот. Исламскиот пророк Мухамед го нарекол лек за сите болести кои предизвикуваат смрт, додека пак грчкиот лекар Хипокрит го користел во лечење на оние кои имале проблеми со метаболизмот и варењето. 

Што го прави така корисно?

Во ова семе постојат 100 активни супстанци, поради кои е особено лековито. Тоа содржи и витамин Б1, Б2, Б3, Б6, Б12 и Д. Освен тоа, богато е и со минералите фосфор, цинк, железо, бакар, калциум, како и етерични масла и ензими. Повеќе од 58% од неговиот состав го сочинуваат есенцијалните масни киселини, од кои особено важни се омега 3 и 6. 

Лековити својства на маслото од црно семе

Ова масло е многу значајно за нашето здравје, но треба да се консумира внимателно. Тоа придонесува за намалување на непријатните симптоми на астмата и ги ублажува астматичните напади. Освен тоа, ги опушта мускулите и ги шири бронхиите, благодарение на активната супстанца нигелон. Исто така, може да ги намали и алергиските реакции на полен, прашина и животински влакна.

Тоа ги уништува и бактериите и помага при лечење на воспаленија во нашето тело, а погодно е и во случај на воспаленија на панкреасот. Освен тоа, тоа е и чувар на црниот дроб кој е филтер за токсините во нашето тело.

Ова масло ја смирува нервната напнатост и го олеснува сонот, а ги намалува и симптомите од депресија и анксиозност. Придонесува и за подобро помнење и фокус. 

Маслото од црно семе е и еден од најдобрите чувари на нашиот имунитет. Тоа се должи на состојката тимохинон, која исто така придонесува и за отстранување на некои тумори. Ова масло помага и при зачувување на организмот при хемотерапија и зрачење.

Со неговата редовна употреба можат да се превенираат и излечат многу болести.