Сите предности на јогуртот

Редовното пиење јогурт одлично влијае на нашето здравје. Тој придонесува за подобро варење, подобро здравје на срцето и помага за одржување виткост.

Ретки се оние кои можат да замислат појадок без јогурт. Тие се навикнати да пијат јогурт уште од детството и затоа придонесуваат за своето добро здравје. Јогуртот е богат со хранливи материи, а бројни истражувања покажуваат дека има благотворно дејство на нашето здравје.

Овој производ се прави со бактериска ферментација на млекото, а може да се добие од сите видови млеко. На нашите простори, најчест е јогуртот направен од кравјо млеко. 

Природните пробиотици кои ги содржи јогуртот одлично влијаат на цревната флора и така придонесува за подобрување на работата на дигестивниот тракт, што придонесува за баланс на организмот. Една од најважните состојки е и калциумот, кој е минерал што е неопходен за одржување на здравјето на нашите заби и коски. Во просек, само една шолја пробиотски јогурт, обезбедува 49% од дневните потреби за калциум на организмот.

Јогуртот содржи и високо ниво на витамин Б, посебно витамин Б12 и рибофлавин. Исто така, една шолја јогурт задоволува 38 % од дневните потреби на телото за фосфор, 12 $ од дневните потреби за магнезиум и 18% за калиум. 

Уште една хранлива состојка која ја содржи јогуртот е витаминот Д, кој одлично делува на коските и имунолошкиот систем, а може да го намали и ризикот од некои болести, како што се болестите на срцето и депресија.