
Утре е Македонија ги слави двата Илиндена, а празничниот викенд веќе почна!
Едниот е голем македонски национален, другиот е во православен празник во чест на Свети Илија-громовник.
Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.
Охрид, македонскиот бисер, традиционално е домаќин на бројни гости по повод овој празник. Манифестациите за чествување на празникот веќе се отпочнати, а вклучуваат изложби, полагање цвеќе, културно-уметнични програми.
За туристите и богата музичка програма во Охрид. Токму на 2. август на стадионот „Билјанини извори“ настапува мега ѕвездата Лепа Брена, а свој концерт ќе има и миленикот на женската публика Саша Ковачевиќ.
Охрид традиционално на почетокот на август е во шпицот на својата туристичка сезона и е преполн со гости.
Од АМСМ известуваат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила.