Сите патишта водат кон Михајлово – формирана нова снежна покрива од 30 сантиметри на Кожуф

Нова снежна покривка до 30 сантиметри е формирана вчера во Михајлово на Кожуф планина.

Рекреативци и љубители на природата денеска за МИА изјавија дека Михајлово го посетуваат тиквешани, но и гости од други места. Сите тие сакаат да уживаат во снегот, убавата природа и чистиот воздух.

Михајлово е богато со шума. Има бел и црн бор, ели, јасики, даб. Се наоѓа на четириесетина километри од Кавадарци, во срцето на Кожуф, на надморска височина од околу 1.200 метри. Важи за воздушна бања, оддалечена околу пет километри воздушно од соседна Грција.